Дали министерот Наќе Чулев свесно и намерно одбива да санкционира свои кадри, полициски службеници, кои веќе надалеку се прочуени по самоволие и други интересни активности?!

Сите знаат, ама сите молчат?

Зошто мерките да важат за сите, ама за одредени структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи не важат?!

Оставаме да процените: има ли групирање на сликава, се почитува ли препорачаната дистанца од минимум 2 метра, носат ли маски и ракавици и која е потребата, ако веќе ги кршат мерките, со тоа да се фалат на социјалните мрежи?!

Ќе имате ли доблест министре Чулев да се одважите и барем еднаш да бидете еднаков кон сите и ќе одговара ли некој за вакво евидентно кршење на мерките на Владата?!

Се разбира, ако ви заврши попладневната дремка?!