Изгледа на старите вмровски кадри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство никој не им кажал дека времето на режимот заврши, па продолжуваат со старите методи на поткуп и закани да ги заплашуваат и уценуваат земјоделците?! До нас допреа информации кои упатуваат на тоа дека лицето И.Г. од Струмица, вработен во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, е лишен од слобода заради сторено кривично дело примање поткуп…и тоа замислете од земјоделец?!
Лицето кое наводно било фатено со обележани пари кои директно ги зел од уценет земјоделец е член на ИО на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и го води партискиот сектор аналитика? Ама, изгледа аналитиката навистина одлично му оди?! Она што е најпоразително и шокантно е дека добро инсталираните кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ден денес паразитирааат на грбот на земјоделците и си ги тераат старите тарифи, па така без проблем наплаќаат за изготвување записници за извршени контроли за субвенции, се закануваат со поништување на записници и одземање субвенции, се закнуваат дека ако не ја платат побараната сума земјоделците ќе треба да ги вратат сите пари кои ги добиле од субвенции. Ама Цветан Трипуновски, заменик-министерот во МЗШВ предложен од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа нормално ниту видел, ниту чул?!
Вака ли заменик-министерот Цветан Трипуновски и неговите кадри работат уште недојдени на власт, а замислете што ќе се случува ако некогаш повторно се вратат на власт?! Лошо сценарио, нели?!
Нека му каже некој на господинот Трипуновски дека негова обрска е да ги штити земјоделците и да го развива земјоделството, а не да мижи пред поткуп и уцени?! А, кој ќе плати за имиџот на МЗШВ кое и после ваквите некадарни функционери ќе треба да продолжи да функционира. Како ќе биде вратена довербата на земјоделците кои сега безмилосно ги угнетуваат и “молзат”?!
Ама тоа веројатно не би било така да немаат добар грб на кого веројатно му одговара сите овие шеми да функционираат, па затоа преќутно се одобрува самоволие на алчни партиски функционерчиња кои изгледа сосема го изгубиле чувство за човечност и професионалност и мислат само на пари?! Ама не нивни – туѓи, спечалени со црни, испукани раце и многу пот!