Кога се работи за ВМРО-ДПМНЕ, изгледа и под дното сепак има дно?! Проценете сами дали очигледните “миленичиња” на Јанушев и Мицкоски имаат некакви морални граници?!
По претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево кој на социјалната мрежа Фејсбук бесрамно запраша во колку часот ќе бил аплаузот за Филипче, а по повод препорачаната самоизолација заради контакт со лице позитивно на Ковид-19, покус не остана ниту неговиот колега претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, Дејан Владев, кој исто така на Фејсбук прашува во колку ќе бил аплаузот и тоа замислете, со музиката на “чекич денс”? Изгледа таква им е партиската матрица, се разминува со здрав разум и човечност?!
Не заборавајте дека се работи за претседатели на општински комитети, претенденти гладни за високи функциии и нејасно е како ВМРО-ДПМНЕ, односно нивните ментори и “лидеришта” Јанушев и Мицкоски, со вакви умови планираат да придобијат некаква наклоност на луѓето. Во најмала рака, монструозно е во пресрет на вакви големи празници јавно да се аплаудира на болест и несреќа, па немаат ли едно зрно совест и човечност за да видат каков хаос направи пандемијата низ целиот свет?!
ФБ статус на Дејан Владев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе