Дескоска има одличен предлог – партиите годинава да се откажат од државни финансии. Колачот е 4,5 милиони евра. Од оваа сума, лани, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поделија околу 2,2 милиони евра.
Мицкоски, кој, тврди дека е многу загрижен за здравјето на нацијата е на потег. Многу е загрижен, што е право

Секако и уште 50 други партии, кои, ги поделија останатите 2,3 милиони евра, меѓу нив ДУИ, АА, и помалите – Левица, Партијата на Драгиша, на Турци, на Власи, на Бошњаци….

Да се вратиме на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, чиј недвижен имот е проценет на 🚩60 милиони евра  (со букви-шеесет милиони евра).
Линк: https://prizma.mk/politichkite-partii-godishno-ke-dobivaat…/

Добро, Мице, ти кога ќе донираш за маски, ракавици, за болници, за економија од тие 60 милиони евра, место ко манекен да искачаш по телевизии и да млатиш празна слама? Еве пошто овие не чинеле, ти чиниш, донирај 30 милиони евра во приватен сектор од партиска каса. Донирај ја цела ваша зграда за карантин. Бива? А, од хидроцентралите купи маски за полицијата на Наќе и за цело здравство. Шо е тоа за тебе, ситниш.

Вистинското прашање е – како ВМРО-ДПМНЕ тежи 60 мил.евра во недвижности? Од каде? Добивте на лото во време грујово, шо е работава?

ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци