НЕСУДЕНИОТ ГЕНЕРАЛ НА ВМРО-ДПМНЕ – КОВАЧКИ, ПРЕЧКРТАН ОД СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ
За време на вмровските трагедии ,,Диво насеље” и ,,27 април”, кои ги симнаа од власт Никола Груевски и цела таа негова демонска свита, двајца луѓе беа на клучни позиции од областа на разузнавање и контраразузнавање во државава -Наќо Чулев во Агенција за разузнавање [АР] и Драган Ковачки во воено разузнавање во АРМ [на фотографијата].

Решението за унапредување, кое, Ѓорге Иванов го потпишал за изборен период на Ковачки беше поништено веднаш потоа од Претседателот Стево Пендаровски.
А, зошто Хорхе Иванов на овој човек му потпишал унапредување пред крај на втор мандат, за кое знаел дека ќе биде поништено⁉️ Зошто не го направил генерал во прв мандат⁉️
Пресмешки. И Ковачки уште верува дека нешто им должи и дека треба да ,,гине” за нив. И се пенави на Алфа тв. Уште.

Кога сте на чело на овие разузнавачки позиции треба да ја заштитите државата и нејзините интереси. Вие сте зад завесата на политичките случувања, но сте платени да работите за мирен сон на граѓаните.
Дали овие двајца, поставени да добиваат предвреме клучни информации за државна безбедност, ја заштитија целосно тогаш Македонија, за ,,Диво насеље” и ,,27 април”, во тоа време пред нова војна и крвопролевањеНека објаснат како се чувствуваат интимно околу тоа – успеале да спречат

Кој е Ковачко на фотографијата кој провмровските медиуми го претставуваат како Богородица Првиот предлог на Христијан Мицкоски за министер за внатрешни работи, лично типот од АРМ за разузнавање во време грујово, Драган Ковачки. Одбиен, секако. Бидејќи воено лице не може да биде министер на МВР.

Истиот кој важи за близок со пребегнатиот во Грција со државни тајни и нелегални снимки, обвинетиот во процес на СЈО, Горан Грујовски и Зоран Иванов, екс директор на АР, избеган во Турција.
Во време грујово, се` беше дозволено, па и воени лица да влезат во АР под ингеренции на Претседател на држава, во време на Ковачки, што и се случи.

Кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, десеттина луѓе се наоколу нив на клучни позиции во полиција, АРМ, разузнавање и имаме настани како ,,Диво насеље”, ,,Монструм”, ,,Прислушување”, ,,27 април”….за многумина има сега обвиненија, а други се избегани вон земјава. Некои се и сведоци, Синиша Алексовски, кој Чулев не успеа да го довлечка во МВР, а доби отказ од АР.
Зошто ВМРО-ДПМНЕ создаде вакви структури
Јавноста не се интересира многу за вакви луѓе, но време е да се вклучи.

Фб статус на Јорданка Ивановска – Јоци