Мице Грујов Велики рекол многу било битно да се задржи платежната моќ на администрацијата. Односно, да не им се намалат платите за да трошат, да купувале производи и така некако да опстанат други услужни субјекти. Не го цитирам, го интерпретирам.
Да ти кажам, маци. И да не им се намалат платите, економската криза ќе трае и по КОВИД-19. Ќе ни требаат едно 4 години да се опраиме.
Секако, Мице, ти ко лаик икУномист, кој не зависи од професорска плата, туку од удели во хидроцентрали од време грујово, ептен го знаеш психолошкиот ефект кој ќе следува по завршување на пандемијата, а тоа можеби ќе биде август. Прашање е дали и тогаш ќе бидеме лабави.
Дозволи ми да ти го појаснам македонскиов народ и тој психолошки ефект од оваа невидена криза. Ти немаш капацитет да сфатиш дека економијава која ја разори Груевски, остави руина од здравство, само ќе се продлабочува откако ќе прогласиме фајронт на КОВИД-19.
Значи.
1. Твоите ,,работници” кои така си ги нарекуваш, а се имено администрација и не произведуваат ништо, немаат удели во Буџет, туку само трошат, прво ќе испуштат летни одмори, пошто ќе бидат анксиозни за шетање во странство, а туризмот во Македонија годинава ќе доживее големи загуби.
Значи ќе бидат фрустрирани ем они, пошто ќе бидат исцедени финансиски и емоционално од изолација во 50 квадрати, ем газдите на туристичките комплекси, агенции, ем оние кои издаваат простори на туристи. Туристи јоктур годинава.
2. Тие бирократи, едно 150.000 на број плус сите други, по КОВИД-19 ќе научат повеќе да штедат. Значи, ќе чуваат пари, ќе се тресат, пошто никад не се знае кога може да се појави нов сарс-марс-ковид-20, а они да останат без работа во меѓувреме, голи и боси. Сите се со кредити, картички, заеми, од ,,шупље у празно”, животи на вересии.
3. Нема да има многу пари во оптек. А, со тоа ни ист профит за услужни дејности, во најголем дел маркети, кафеани, дискотеки, кафичи, хотели и други. Луѓето ќе се ориентираат на помали трошоци за се’. Ако јаделе мисирка, ќе јадат копани. Ако оделе по солуни, ќе шетаат у Градски парк и на Водно.
Нема веќе Банско, Солуни, Велигдени, осми мартој, викенди…умре тоа.
Ако оделе 3 пати неделно во кафеани, ќе одат еднаш.
Македонскиот народ е исплашен народ.
4. Луѓето, со изолацијата, научија да готват дома. Очекувано е да продолжат со тоа до крај на оваа година, поретко да посетуваат кафеани поради санитетска и здравствена безбедност. А, и така повеќе се штеди.
Ова ќе доведе до конфликти во многу меѓучовечки фамилијарни односи.
Ништо од твоите ,,математики” нема да се оствари околу платежната моќ. И да се задржи таа платежна моќ, нема да ги трошат за да циркулираат на пазарот. Стресот ќе си го направи своето. И стравот.
Поентата ми е, ти поим немаш што ќе се случува. Тебе ти останува да му објасниш на македонскиов народ како да го сварат за јадење ,,Воинот на коњ”, од 8 милиони евра, во експрес-лонец за да го јадат во наредни 4 години. Сосе јајцата од коњот, татко му Филип и самовилите околу него, оние мостови од милиоони евра, плоштади, скулптурчиња, фасади кои се уриваат, шмизли и бикови.
И секако, да објасниш како ВМРО-ДПМНЕ стаса до имот од 60 милиони евра, додека болниците немаат ни сапуни, луѓе сами си купуваа лекови, ѕидовите се распаѓаат, измачкани се со крв, а креветите уште се некаде со мочки.
Ако ти требаат фотографии од време грујово за ова со болнициве, ќе ти пратам.
ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци