Дури и да останеше Мијалков на тој негов првобитен (веројатен) план да избега, тоа оваа држава никако не ја прави иста со тоа што беше до пред 3-4 години… Напротив, таквиот план на Мијалков е само доказ дека оваа држава почнала да функционира…
Чудно е колку брзо некои заборавија каква партизирана држава доби Заев на управување? И какво партизирано судство имавме во МК…
И што направи Заев? Наместо да направи 20-30 телефонски разговори (‘попут’ Груевски и Мијалков) и да направи едно тефтерче со список на ‘наши’ судии, тој го остави судството само да се реформира… Затоа што нормалните држави така функционираат…
А дел од јавноста наместо да му оддаде почит за тоа, многумина му се нафрлија како крвожедни животни!
ФБ статус на Ацо Лукароски