Се разбира дека на Каракачанов не треба ништо да му се верува!

За жал, тоа важи и за неколку имиња од првенците на ВМРО-ДПМНЕ кои се најдоа на неговата „листа“ на издадени бугарски пасоши. Иста мета, исто отстојание.

Зошто?

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ со години работи на индустриско ширење лаги и пропагандни кампањи за дискредитација на своите политички противници. Два-тројца од објавените имиња се апостолите на овој проект на опозицијата кој спаѓа во најопасните „биолошки оружја“ против демократијата: вештачки произведен вирус, кој метастазира како најопасен карцином, што систематски ја поткопува довербата во општеството и смислата на јавната дебата.

Не треба сега тие да се лутат и да протестираат кога се жртви на оваа долна провокација на Каракачанов наменета за нивна политичка компромитација. Оти, целата пропагандна опозициска машинерија ревносно и алармантно ги пренесуваше, засилени со партиски соопштенија и апокалиптични прес-конференции, сите националистички навреди и клевети на Каракачанов кога им одговараше да покажат дека политиката за добрососедство на Заев не дава резултати и дека е „предавничка“ – да, тогаш го ценеа и фактот на официјалната позиција на Каракачанов како потпретседател на Бугарската влада. Ама, тој и сега е истиот и на истата позиција (да се надеваме, не за долго), само што целта не му е Заев и неговата политика, туку пропагандниот „демолишн бенд“ од врвот на „побратимите“ од македонското ВМРО.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.