Почитувани другари и другарки,
На овие парламентарни избори сум дел од пратеничката листа на ИЕ3, како претставник од општина Виница.
Чест и задоволство е да се биде на страна на опцијата која ги отвори вратите на ЕУ и НАТО. Да се биде на страна на СДСМ и коалицијата, на оние кои ја покачија минималната и просечната плата, ги решија стечајците, ги покачија пензиите, обезбедија социјална пензија и младински надоместок, воведоа зелена нафта и поврат на ДДВ, ги зголемија европските фондови и инфраструктурните инвестиции.
Коалицијата МОЖЕМЕ ја препознава потребата да даде шанса на младите луѓе и ја препознава желбата и посветеноста за подобро утре и посветла иднина.
Продолжуваме со храбри и важни чекори, без тактизирање и без никакви резерви. За повисоки плати, европско образование и здравство, развиена инфраструктура и чиста животна средина.
Затоа што знаеме дека можеме !
ФБ статус на Никица Бачовски