Петар Богојески во вчерашното гостување во емисијата „Јади бурек’ појасни дека во деведесетите во ВМРО функционирале како семејство.

„Се лутам на Љупчо што го избра Груевски за лидер. Се после Никола во партијата се сведе на работни односи како во компанија“, рече Богојески.

Тој констатира дека по 2011. се било мачење како да се остане на власт.

„Се напушти евроатланската интеграција на Македонија, интеграцијата во НАТО“, рече Богојески алудирајќи на владеењето на некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Водителот Јанко пак, откри дека Груевски иако, како што рече, тврдел дека не доаѓа предвид промена на името, во приватен разговор му признал дека имало предлози, доаѓале решенија и дури било прифатено компромисно име, Горна Македонија или Скопје, но Грција не прифаќала.

„Никола отиде во Букурешт за да не се договори, да не се интегрираме во НАТО“, рече Богојески кој констатира дека тоа било клучно Груевски, како што вели, од технократ кој се занимава со економија да постане заљубен во историјата, со национален романтизам во обид да се изведе поинаква национална свест што впрочем оставило трајни последици со кои до ден денес се справуваме.

Богојески потенцира и дека не смееме да се потсмеваме на македонците кои биле жртви на пропагандите на Груевски, на оние кои му верувале или сеуште му веруваат.