-Она што ни се случува сега е последната офанзива за спасување на криминалците, на злосторничките здруженија од врвот на политиката и центрите на моќ. Во битките за освојување на власта, јатаците на криминалците, удобно сместени во партиите, ја гледат големата шанса да се спасат сите осудени, обвинети и осомничени политичари, нивни помагачи и соучесници против кои се водат морски долги судски постапки, или се под истрага, но и тие кои допрва треба да седнат на обвинителна клупа, или да поднесат отчет и сметки од каде и како им е стекнато баснословното богатство и кнежевските имоти, компании, банки, фабрики, болници, коцкарници, рудници, чифлици и латифундии, пишува Ерол Ризаов во својата најнова колумна за Дојче Веле.

-Бојкотот, или апстиненцијата на изборите било од разочараност, или лутина, колку и да е демократско право, во вакви историски околности е еднакво против сопствената држава, колку што е да се верува на лагите од медиумските фабрики кои во моментот го имаат најскапото производство на опасно загадување на човековата околина, пишува во колумната.

Колумната во целост на следниов ЛИНК.