„Не е ни Мицкоски сосема виновен за оваа ситуација. Неговата пратеничка група во Собранието во најголем дел е вон негова директна контрола; веројатно малкумина од тие пратеници можат да сметаат за повторен „ангажман“ на партиските изборни листи; а и десетина најгласни се директно во списокот на обвинети од некогашното СЈО…“ – пишува Сашо Ордановски во својата најнова колумна за Слободен печат.
„А темата на која инсистираат странците е иста со години – нема „затворање“ на процесуираните случаи за криминал правен за време на претходната власт, па макар за нов јавен обвинител да дојдат двете тела во едниот правосуден дух на брачниот пар Маневски, а Катица Јанева да биде протерана на Островот на змиите во Преспанското Езеро!“, пишува Ордановски во колумната.
„Во изминатите 2-3 години раководството на опозицијата не успеа да стане доверлив партнер на нашата сојузничка, западна меѓународна заедница“, заклучува авторот.
Колумната во целост на следниов ЛИНК.