Имам обврска во Комерцијална кај Мериот. За чудо, многу празни паркинг места на улицата. Изгледа затоа што е 100денари од час. Плаќам оти имам 40-50 минутна работа со банкарски службеник. Завршувам и одам дома. Подоцна имам нова обврска во центар, се мислам колку ќе ме чини паркингот сега за два часа, тргнувам пешки. Почнав да ја сфаќам поентата на скапиот паркинг. Ако не другите, барем ние што гравитираме на неколку километри од центар можеме да ги оставаме колите пред зграда и да одиме пешки додека не се распролети за точак.
Љубиша Арсиќ