Мразам политика, неќам да ја коментирам и многу ми е обвратна.
Ама која ви е оваа инфатилност бе господа опозиционери.
На што личи сето ова?
Од петни жили се трудите две работи.
Прва изборите да ги претворите однапред решени.
Како ли?
Едноставно, кој нормален кој излегол и гласал на референдум ќе ви остане дома да дреми дур вие му трубите дека ќе го поништите Преспансиот договор.
Многу е тоа големо курчење и не ми преостанува ништо друго освен да го повторам тоа што му го кажал М.Обреновиќ на својот преговарач кој одел кај султанот на преговори.
-Значи Петре, ќе се курчиш да видат дека ние не сме без корен ама пази Петре кога султанот ќе возврати со курчење одма да се откурчиш(како пред Бојко) зошто ние сме мала земја и ќе не изгазат.
И Петре султанот е слаб на злато и мушки газ а ние Петре злато немаме..
Така да драги мои не оставате буквално без избор.
Второ..
Толку ли е болно и срамно да кажете јавно јасно и гласно дека барате амнестија за случаите од СЈО.
Да тие сечените лепените и монтираните.
Па со сите можно и невозможни начини го опструирате законот за ЈО кој патем на некој начин ја кочи државата во евроинтеграциите.
Еве јавно изјавувам нај јавно!!
Искочете конкретно директно со барање сите случаеви од СЈО да се укинат и поништат прв ќе ве подржам прв ветувам.
Не не поради вас туку поради напредок на државата.
И ќе ми се сипаат позиционери и ќе ме плукаат и ред други работи.
Ама ќе издржам по вредна ми е државата од колку десетина ваши да одат во затвор ниту па јас сум којзнае колу битен.
Многу не отишле па пак ете сме живи и здрави.
И кога сето ова го знаете вие без престан ама буквално без престан на секој пресс почнувате со
Режимот на Зо…..
Кој црн режим пусти Мици кој??
Денес кој стаса без да се погледне прво себеси критикува кого стигне како стигне и каде стигне.
Секој од нај ситен до богами и нај крупен.
Дури и Орцо ваш критикува, да да тој што несмееше да ѕуцне од малтеретирањето во минатото.
Односно вие нај убаво си знаете внатре колку сте смееле да му се спротивставите на “гепек агата” што да ви зборам попусто.
Е има разлика друже има
Нема кршење врати со топови на тв куќи, нема бремени да се приведуваат и абортираат во затвор нема врати го апсењето да го снимиме пак….е нема
Нема многу нешта од тоа време другарчиња.
Дајте бе луѓе опасулете се еднаш да одиме напред а не назад или во место аман..
Почитивано мои..
Упорно сакам да не коментирам политички теми упорно да не се мешам во ничиво лонче меѓутоа некогаш навистина не додржувам
Можеби грешам можеби незнам…
Ќе видиме
Ви благодарам на вниманието!
ФБ статус на Ерол Ерко