Гладна Кокошка, просо сонува.
Пребеганиот затвореник не му беше доволна цела тортура која ја направи во неговото владеење па дури и затвор посакувал, а и бог знае уште што не да останеше на власт. Човек без срам ни перде.
Ја спомнува партијата каде уште од 2009 на локалните избори покушаваше да ме руши кога смени 5 до 12 коалициски договор и ја “продаде “Струга а мене свесно ме стави во оган. Лажниот патриот уште од тој момент продолжи да ровари по мојот макотрпно стекнат капитал и фирми со повеќе од 40 години сопствен бизнис , нешто што не знае што значи затоа што прво работно место му било министер претворен во лик на криминалец и психопат навикнат да живее на грбот на народот.
Единствен пратеник бев и сум што никогаш во мојот живот ниту еден тендер или еден денар не сум зел од државата. Единствен пратеник на кого му беше направено потекло на имот каде во 2010 година добив решение од неговата тогаш УЈП дека сиот мој стекнат капитал е чист како солза. Ете тоа ги боли што не можеа да се фатат за ништо.
За да после тоа во 2011 година започнаа кукавички, лудо и физички да рушат со динамити.
Во актуелниот судскиот процес во кој овој лик е само побегуља, неговите не само што не докажаа невиност туку од почетокот се виде нивното кукавичко лице каде до ден денес се борат да го рушат целиот процес со адвокатски финти и одолговлекување.
За во моментов да имаат малку среќа да се пензионира поротник судија. Можеби купија време но не и нивен спас.
Додека крадеше , додека го уништуваше овој народ , и додека бегаше скриен во гепек јас продолжив да градам и инвестирам повторно овде. Додека психопатот се шета со миљарди украдени од овој напатен народ , јас перспективата и се што имам ми останува овде во мојата татковина.
Да , и тоа најмногу ги боли.
Во нашава држава и овој народ отворивме перспектива , го боли успехот на оваа влада и го разбирам.
Никогаш повеќе диктатура.
Никогаш повеќе психопат премиер.
Оваа држава ќе оди напред.
И правда ќе има.
И одговорност ќе има.
Вистината како шило!
Фиат Цаноски