Игоре, не само што не ти кажаа тие што те пуштија по вода и шетаа низ Крушево, туку и те излажaа за СЕ’, каде беше градот и што се работеше во изминатите 11 години владеење локална и централна власт на ДПМНЕ, каде е сега Крушево само за две ипол години локална власт и централна власт.
Да не зборувам за Тодор Тоше Проески, на вашиот Миле и моите двајца претходници им беше побитно да се изгради спомен куќа по се изгледа заради згрижувањето на партиските војници, но не и гробното место-спомен обележјето каде сите се поклонуваме за неговиот придонес, дела кои ги правеше, не само за општината туку и за државата, како репрезент и Амбасадор.
Зарем заслужи нашиот Тодор Тоше да биде с
è уште на импровизирано спомен обележје 12 години!?
Исто така споменикот ,,Илинден” или Македониум се реконструира во 2018/19 година за да вие гордо се сликате денес пред него како голем патриот. Истиот споменик е прогласен за четврто светско ремек дело, споменик на културата со специфична градба дури во 2018 година, изложен во музејот на ,,МОМА” во Њујорк. Не само тоа, туку додека се промовиравте и сликавте пред споменикот на ,,Питу Гули” на ,,Мечкин Камен” го одминавте полетиштето, кое од аматерско прерасна во светска дестинација, мека за параглајдеристи, на која го одржавме Светското првенство за параглајдерство во 2019 година, и на кое се одржуваат сите национални државни првенства за параглајдерство и змејарство, но и во 2021 година ќе биде и Светското првенство за змејарство. Затоа почнуваме негова реконструкција и изградба, создаваме услови да ги задржиме натпреварите и посетителите.
Само за една година во 2018 година имавме 60% повеќе посетеност на туристи во Крушево за разлика од 2017 година кога во општината и државата владееше ДПМНЕ.
Убаво е да дојдеш Игоре и да престојуваш во Крушево, но те молам секаде каде што помина се изменило во подобро, не е повеќе Крушево на колена, се гради, не се кради. За на крај кога си одевте да забележите дека комплетно го променивме уличното осветлување и да си замините без да разговарате со граѓаните, за да им објасните која е вашата алтернатива и во што сте се промениле или што во Крушево би промениле на подобро. Крушево денес прераснува во посакувана препознатлива светска дестинација, додека вие со вашите слепи истомисленици со бугарски пасоши од Крушево го оцрнувате и фрлате отров насекаде. Ве разбирам затоа што истите тие никогаш не ја пишувале историјата за Крушево, од секогаш делеле и растурале.
Сега ми е јасно зошто Гордана два пати не дојде во Крушево, и по неа Мицкоски, затоа што немате лице да излезите пред нашите сограѓани со ваши алтернативи и ставови за развој на Крушево.
Ако зборуваме за историја и патриотизам само ќе ви кажам дека сте стара пушка испукана ,,малихера” на која немате муниција да се борите со вашиот опонент, ама ќе ве советувам барем да се приклучите и да гледате како водиме успешна приказна за нашиот град и општина.

ФБ статус на Томе Христоски