Таканаречените пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои немаат свест за парламентарна демократија, а тоа би значело и почитување на дијалог и сила на аргумент, можат само да бидат тоа: насилници кои ја злоупотребуваат јавната сцена, обидувајќи се да добијат политички поени од исти такви насилници.

Мораме, за жал или за среќа, повторно истата борба да ја преживееме – режимскиот наратив на Груевски се’ уште е жив – и ќе мораме повторно да ги протераме овие насилници, популисти и кочничари на се она што е нормално и разумно.

Да, да, добро ме слушнавте. Оваа партија мора да се испрати во историската клоака, неповратно. Затоа што нејзиното делување комплетно ја обесмисли политиката.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ