-Што има ново во објавените нелегално снимени разговори на г. Антонио Милошоски со судиите? За најголем дел од јавноста, нема ништо ново, бидејќи „правосудниот“ углед на г. Милошоски одамна е рамен на нула. Со објавата на овие разговори, тој углед од непостоечки, стана неподносливо непостоечки. Освен за раководството на опозицијата која, да потсетиме, го постави Милошоски да ги преговара реформите на правосудниот систем!
Тој дебакл заврши така што Мицкоски, бирајќи меѓу одбраната на морално-политичкиот углед на Милошоски и реформата на македонското правосудство, одбра да се конфронтира со целата ЕУ, бидејќи му е подраго она што го претставува Милошоски, од европската интеграција на земјава. И сето тоа после ненаучената опозициска лекција за интеграцијата на Македонија во НАТО.
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.