Во ова време од годината милиони деца во светот добија подароци од саканиот Дедо Мраз. Бараа од него кукла, топка, играчка, телефони, облека…

На симпатичниот дедо, иако сум малку поголем од дете, му напишав и јас.

Посакав да ми ја исполни желбата, да ја истурка омразата и да ја врати човечноста во нас, да ја уништи злобата.

Сакам вистината и емпатијата да се присутни секогаш.

Знам, бе, Дедо Мраз, му велам во писмото, дека парите се отепувачка, ама па и не се се во животот… Брат ништо не остана од љубовта. Направи нешто… Гледај, тие, парите, раскараа другари, растурија пријателства. Ме гриже грижа на совест…

Досега ништо нема сторено. Сепак… Чекам… Мозжеби ке ги исполни моите молитви.

Томислав Кежаровски