Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е само како да се закопаат сите предмети, сите докази, сите материјали и веќе да не видат светло на денот, значи тоа е целата работа, изјави вечерва во гостување на МТВ претничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.
– Оваа реторика дека Законот се носи шверцерски, дека се амнестира криминал, дека е неуставен значи оваа реторика ја слушаме многу долго време. Овој Закон, ова решение е согласно стратегијата за реформи во правосудството, согласно препораките на ГРЕКО, усогласување со Законот за кривична постапка и сега сето ова го фрламе во вода и забораваме дека меѓународните експерти кои беа вклучени во работната група токму тој дел го ценеа од Законот. Сега ВМРО-ДПМНЕ тоа го фрла во вода и вели не, овој е шверцерски. Факт е дека за ВМРО-ДПМНЕ, најболното прашање на овој закон се одредбите што го регулираат начинот на продолжување на предметите на СЈО, заклучи Калеска-Ванчева.