За СДСМ добро е да им дадевме не техничка туку цела Влада со се министри и заменици во секое министерство.

За општеството добро е што за неколку дена власт ги потсетија граѓаните на тоа дека се истите и непроменети груевистички кадри и го освежија сеќавањето на режимскиот стил на владеење со ароганција, страв, притисоци, закани, уцени, насилство, снимање, тепање и многу лаги и манипулации.

Кадрите на ова нереформирано дпмне заборавија дека тоа време заврши.

Но, за државата е добро што го продолжуваме демократскиот пат на слобода, сигурност и извесна иднина за генерациите во земја ослободена од режим, со решени проблеми, засекогаш безбедна и членка на НАТО, со трасиран пат во ЕУ и со политики за грижа и помош за секој, реагира генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по филмскиот упад на Трипуновски со камери во подрачната единица во Берово.