-„Медена земја“ е супериорен доказ дека „разликите обединуваат“ и дека „Едно општество за сите“ е совршено логична општествена формула, а не политичка, празна флоскула, пишува новинарот Сашо Ордановски во својата најнова колумна за „Цивилмедиа“
„За ова може кој што сака да каже – во општествено-политичката хистерија на Фејсбук има томови напишани статуси со различни нивоа на омраза и злоба од сите бои и припадности – но, нема ништо поубаво од тоа кога успесите можеме да ги споделиме заедно, како извонредна комбинација од (главно, не по наша вина) нашите разлики.
Конечно, кому нормален, вон нашава зачадена провинциска меана, му е гајле што во целиов спектакл сме „заведени“ под „Република Северна Македонија“? Целата таа „северџанска“ кумулативна кампања на навреди и омаловажувања се распрснува како меур од сапуница, оддуван од виорот на светот кому единствено му е важно што и како создаваш! – заклучува Ордановски.
Колумната во целост на следниов ЛИНК.