Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација. Читам и не ми се верува.
Александар Николовски вели дека годинава немало никој од власта во Давос, на Светскиот економски форум. Напиша и излажа.
На покана на претседателот на оваа организација Бренде, не само што учествував на Светскиот економски форум, туку како единствен МНР од нашиот регион бев и говорник на специјалната сесија за Балканот, заедно со премиерите на Хрватска, Бугарија, Словенија, претседателите на Србија и на Косово и МНР на Турција и на Шведска. Објавивме и официјално соопштение и фотографии.
За некои области, како што е надворешната политика, здружението да беше мудро ќе си седеше мадро 😊
Фејсбук статус на Никола Димитров, министер за надворешни работи на РСМ