Она што секојдневно го слушаме од министрите и дополнителните заменици министри во преодната односно во Пржинската влада и меѓусебните подметнувања и сопки е јасен показател дека таа не функционира.
Таа е нефункционална уште пред да се избере.
Наместо техничките министри и дополнителните заменици министри да се фокусираат на основната работа за која се избрани, поради партискиот и личен анимозитет и нивната кусогледост, тие дополнително внесуваат поделби, раздор и назадување во сите сегменти на живеењето и работењето.
Срамно и жално е да се слуша како истите секојдневно меѓусебно се омаловажуваат, навредуваат, девалвираат и го кочат тековното работење и активности се со цел да реализираат исклучиво само партиски задачи и партиски интереси.

Јове Кекеновски