“Сексот е многу интелектуална работа”, вели Силјановска. На што точно мисли, жив не сум да разберам. На моќта ли? Некои мистици велат дека “моќта е поголем афродизијак од сексот”; љубителите на добрата голтка велат, пак, дека, “нема ништо подобро од пијаноста на духот кој е подобар од сексот и трез(ве)носта” (Т. Ујевиќ). А Вуди Ален, пак, вака вели: “сексот измеѓу двајца луѓе е прекрасна работа. Ама помеѓу пет е фантастичен” (цитат од последната негова книга “Апропо ништо”).
Од срце и’ посакувам на госпоѓата Силјановска, можеби како претседателка (?), да се оствари и на тоа поле, очигледно матурската вечер била премногу одамна. Башка, некои антрополози не’ учат дека на Балканот само секс може да не’ спаси од апсолутна диктатура.
ФБ став на Ненад Јовановиќ