Зачести надвојводата од Пешта. Се јавил пак вчера вознемирен. Освен со лаги за Цаноски, новиот ферман го дополнува со демант за тезите дека „Рекет“ е негово и масло на Вучиќ и српските служби.
…Демантирам било каква комуникација со г. Вучиќ на оваа тема, било кога, или било каква соработка со српски или било чии други служби на било која тема“, вели Груевски.
Чекај, малку, Грујокио. Демантираш соработка со туѓи служби !? Па нели го чувме лично министерот за надворешни на Унгарија како одговара на прашање во унгарскиот парламент зошто си добил азил, каде вели дека си бил многу корисен соработник на унгарската држава и служби, со твоите широки познавања и информации?
Твојот унгарски работодавец те откри, на јавна сцена, во унгарскиот парламент и ти се заблагодари на соработката. Се уште ја уживаш заштитата на унгарската држава, која, поради таа соработка и твојата „драгоценост“, те извлече низ границите на неколку балкански држави, ти даде азил, државјанство, па дури и гласачко право во 5ттиот гласачки дистрикт на Будимпешта.
Ти си кодош, Грујо. Соработник на служби на други држави. За тоа немаме дилеми. Дали си унгарски, дали српски, дали и двете, тоа е нашата дилема, а не дали си кодош или не. Ќао и пиши опет
Петрит Сарачини за Цивил медиа