“Лицемерието и лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ нема крај.
Истото тоа лицемерно ВМРО-ДПМНЕ неодамна, во собранието ги кочеше новите предлог законски измени за покачување на пензиите од 700 до 900 денари предложено од страна СДСМ.
А токму со тие законски измени во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари.
Овие покачувања на пензиите покажуваат дека пензионерите во 2020та година ќе имаат повисоки пензии за вкупно 10.800 денари на годишно ниво, а споредбено од пред јуни 2017та година пензионерите во 2020та ќе имаат во просек поголеми пензии за 20.952 денари на годишно ниво.
Во 2016 тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите ад хок и на пензионерите пред истекот на годината им исплати околу 560 денари или помалку од 60 денари месечно
Разликата е голема, денес покачувања на пензиите не се преку задолжувања како што тоа го правеше претходната власт туку се производ на домаќинското работење на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ и мерките кои ги презема Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
ВМРО-ДПМНЕ со години им земаше од џебот на пензионерите, СДСМ ги враќа парите кај пензионерите со континуиран раст на пензиите во законската рамка.
Денес, над 320.000 пензионери добиваат пензија повисока за 700 денари, што е најголемо зголемување на пензиите во последните 20 години.
На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април!” – реагираат од СДСМ.