На денешната седница Владата на Северна Македонија го задолжи Министерството за труд и социјална политика да додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови беа уништени во пожарот со трагични последици во Шуто Оризари на 10 јануари.

На седницата им е препорачано на Генералниот Секретаријат на Владата и на Министерството за труд и социјална политика да ги разгледаат можностите за обезбедување на живеалишта за опожарените семејства.