ДПМНЕ се надминаа себеси во незнаење и неразбирање, и слободно може да си ја додадат придавката “комунистичка” во името на партијата. И ниту пак некогаш биле десница.
Денеска предложија две нови “финансиски” мерки, а “експертот” позади овие мерки е Карл Маркс. ДПМНЕ си земаат слобода да кажуваат што да се прави со парите од луѓето, сето тоа во име на спас на партизираната администрација. И секако пензионерите, кои што се големо гласачко тело, околу 320,000.
Што ДПМНЕ не може да разберат е дека со краткорочно спасување на партизираната администрација и пензионерите, долгорочно им прават лоша услуга, не само на нив, него и на сите останати.
Првиот предлог е парите што се во благајничките записи, да се пренаменат кон владата (државни обврзници). Ова е епска глупост, и сигурен начин како да се влошат работите уште повеќе. Фактички е чист комунизам. Преведено, парите од работните луѓе што се во банките (во случајов на износ од околу 410 милиони ЕУР), да се дадат на владата на Македонија. Економијата пропаѓа и колабира, но комодитетот на партизираната администрација, и пензионерите, не смее да биде нарушен. Бидејќи само тие имаат фамилии, а другите не се битни.
Луѓе бре треба да се разбере, ова е несреќа која што ни се наметна, и не засега на СИТЕ. Не може една група на луѓе да биде донесена долу во калта (работните луѓе), а друга воопшто да не биде чепната (партизираната администрација и пензионерите). И ова “помагање” на вторите сега, е со краткотраен рок. Кога и тие пари ќе се потрошат, наредната фаза ќе е многу потешка, за сите.
Вториот предлог е парите за пензии што се уплаќаат во вториот фонд, во износ од 162,6 милиони ЕУР (1/3 од тие што се уплаќаат), да одат сите во првиот фонд. Ова е Мики Маус математика, и не е возможна од повеќе причини. Да се елаборира примарната, ова се пари кои што се уплаќаат, но кога економијата работи во нормални услови. А не во сегашни, каде што воедно се има и масовни отпуштања. Тие пари во толкава сума едноставно ги НЕМА.
И не само тоа, него тие што досега уплаќале во буџет, сега бидејќи се отпуштени, ќе бидат на терет од буџетот (социјала). Не знам кој им го дал овој предлог, но толку претстава да се немало, неверојатно.
Вината за сегашнава до толку незавидна состојба се досегашните лоши политики на ДПМНЕ. Тука Грујо дефинитивно е примарно одговорен. Во 11-те години кога Грујо беше на власт администрацијата се зголеми за повеќе од два пати. И во тие 11 години растот на пензиите беше поголем од вистинскиот економски раст.
И добро е што некој како Грујо, или Тевдо (арно и него што го тргнаа), не се одговорни за справување со кризата. Сегашните економско/финансиски мерки што се спроведуваат (кои што се десничарски), се во правилна насока, но ни приближно не се доволни. Не се пука со куршуми во војна со нуклеарки.
ФБ статус на Јованчо Спироски







































