Од Комуналец-Крива Паланка ги известуваат корисниците на улиците „Македонска“ и „Баглачка“ дека на 04.06.2026 година ќе има прекин во водоснабдувањето со вода за пиење поради дефект на водоводна линија. Прекинот ќе трае до целосно завршување на санацијата на дефектот.

Воедно, по нормализирањето на водоснабдувањето, можно е да се појави привремено заматување на водата. Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање и трпение до целосно отстранување на проблемот.