До кога ќе бидеме попаметни едни од други. До кога?. До кога од болката поени ќе собираме. До кога ќе се ситиме и очи ќе си вадиме. Што памет имаме?. Едните знаеле, а другите незнаеле. Едните биле поучени од другите?. Умот никако не ни доаѓа ниту сега кога сме во ова време невреме. Се „глодаме“. Ајде едните беа против влезот на Македонија во НАТЕ и добивањето виза за преговори за влез во ЕУ ,ама да бидеме едни против други во битката против корона вирусот, не само што е срамота, туку е за осуда. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. Но, „греота“ е бре Мицко да бидете против здравјето на народот.
Ако екипата на лекари била од ВМРО вирусот немало да не „фати“. Ќе не „прелетал“. Алал да ви е.Владината лекари биле неспособни. Тие биле виновни. А одговорните од Владата, кој според пулениците на Мицко, во име на корона вирусот, без „мера“ пари „трошеле“. Лекарите и медицинските сестри, виновни биле само заради тоа што денот ноќ, а ноќта ден го правеле. Да, виновни се затоа што се борат за секој човечки живот. Виновни се што не гледаат ни тие ни оние што ги лекуваат од која партија се. Мицко, виновни се што се лекари и што се пред сите и што не му се плашат на вирусот. Затоа ли се виновни. Затоа ли кога цел свет се бори против злото, некој мора , од чистач до професор, да не ја гледа болката туку да „брои“ колку денари се дале за маски,нараквици и што ли уште не. Зар за ВМРО, за Мицкоски и компанијата тоа е најважно или пак човечките животи!?. ВМРО вели „имале две комплет екипи“ ,спремни како „пушка“ да го „сотрат“ вирусот. Како „шала“ ќе го „избркале“ од нашава Македонија. Абре до кога „барјам“ си правиме со паметот. Ако ВМРО има две екипи врвни стручњаци зашто „гувеат“,како млади невести, во “белата палата“? .Зошто не излезат да го лекуваат народот. Кој се тие?.Каде работат. Од каде плата земаат. Жално.
Навистина жално. Зар на ВМРО навистина не му е жал за лекарите и медицинските сестри од нивната партија што се во „огнот“.Што се во првите редови. Што се борат да спасат човек и што не го прашуваат дали е тој од ВМРО,СДСМ,ДУИ. Туку го гледааат само како човек. Ако Мицко и Николовски имале два комплет експерти, нека излезат. Македонија е целосно „покриена“ со вирусот. Нека избираат. Не мора да ги лекуваат оние од СДСМ или ДУИ, туку само оние нивните од ВМРО. Тоа нека го направат. Нека покажат дека се поспособни од екипите што ги формира Владата. Капа да им симне народов. Срамота е кога човек се сити на немоќен. На човек кој се бори за живот. Мицко, ако толку многу се спремни твоите екипи лекари каде бре тие до сега работеа?. Од каде плата земаа и зошто досега не покажаа ништо за да го „истераат“ вирусот. Зошто?.Или не работеа „за инат“ туку само плата земаа. Зар заборавате дека сите се лекари . Сите се медицински сестри.
Како и оние од Германија, Италија, Франција, САД. Зар тие лекари не знаат што треба да работат туку незнаеле само нашиве лекари. И чудно. Не слушнавме некоја партија, како вашата, да ги напаѓа лекарите дека не биле способни. Сега кога треба да бидеме едно, сме најнесложни. Кога треба заедно да го победиме злото. Оставете ги лекарите и другиот персонал нека си ја работат работатата. Тие знаат најдобро. Не ги делете на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ. Оставете ги. Зар не гледате дека народот е „заклучен“ во куќите,во становите. Улиците ни се празни. Државата ни е пуста. Зар не гледате дека во коските страв народов има. Едно од болес друго од затварање на фирмите. Што ќе прават без работа, без пари, без леб. Доста е. Навистина доста е. Не „сметајте“ во работата. Не го „силете“ народот. Нека помине злото па тогаш излезете на мегдан. Отворенон речете: министерот Филипце згрешил или капа да му се зимне. Владата била крива. Нека одговара. Или работела како што ќе и рекла Светската здравствена организација. Ако некои „трошел“ ненаменски пари има суд, има затвор. Но, сега затворете ги устите и оставете ги лекарите и медицинските сестри да си ја вршат работата. Незаборавете тие лекари и медицински сестри се членови и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. А вашите „експерти“ чувајте си ги за корона вирусот да не ви „влезе„ и во „белата палата“.
Стоилко Андреевски







































