Сообраќајна несреќа се случила вчера кај нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар, кога автомобил удрил во маж и жена кои преминувале на улицата, во попладневните часови.

Во несреќата, двајцата се здобиле со телесни повреди, интервенирала Итната помош и полицијата.

Повредените се надвор од животна опасност.