Денеска свечено беше отворена реконструираната градинка „Детелинка“ во Крива Паланка.
На отворањето присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски и директорката на ЈУОДГ „Детелинка“ Мирка Јакимовска.

Николовски посочи дека Крива Паланка бележи уште еден успех, уште еден капитален проект на локалната власт.










































