Пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи, предупреди дека државата се соочува со сериозен демографски предизвик и дека, според најпесимистичкото сценарио, до 2050 година бројот на жители може да падне под еден милион.
Во гостување во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21, Битиќи истакна дека демографските проекции веќе укажуваат на негативни трендови, доколку не се преземат конкретни мерки.
Тој наведе дека клучни фактори за ваквиот можен развој се забавување на економските и општествените процеси, недоволни политики за задржување на младите, како и високото иселување.
„Ние многу брзо ќе дојдеме во ситуација и мислам дека Владата го знае, и се обидува преку дискусии за демографијата, и има демографска проекција, до 2050 година ако не се преземат одредени чекори, ако не се случи претпоставката да не се зачлениме до ЕУ до 2030 ако не се отвориме кон други заедници кои ќе мигрираат кај нас, ако не се случи до 2040 година да почне бран на враќање на наши иселеници, ние во 2050 година, најпесимистичкото сценарио е дека ние ќе бидеме под 1 милион луѓе“, изјви Битиќи.








































