Младиот Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка кој го извлече светиот крст од водите на Крива Река, го донираше телевизорот што го доби од општината на Атанас Ангеловски, детенце со попреченост.
Ѓоргиевски, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, го посетија малиот Атанас кој поради попреченоста што ја има не може да се движи и му доставија подароци.

Мајката Бисера се заблагодари за хуманоста и изненадувањето што го приредија за нивното синче и рече дека се среќни што некој се сетил и на нив.
Инаку, семејството Ангеловски е во социјален ризик, со двајца невработени членови и малолетниот Атанас на кој му се потребни постојана грижа и нега.







































