Виктор Стојанов, Бугарин кој има забранет влез во Македонија, вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави нова провокација.

Тој нуди на семејства од Македонија да го променат презимето и наместо вски, да завршуваат на „Ов“ или „Ев“. На пример: Петар Петревски да биде Петар Петров.

Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: „Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија.