Нов асфалт, нова фекална и атмосферска канализација на ул.„Македонска” во Крива Паланка.
Како што соопшти градоначалникот Сашко Митовски вложени се 8.400.000 денари.
-Денес извршив увид во завршните активности на проектот за подобри услови за жителите од ул. “Македонска”, населба Баглак. Поставени се нова атмосферска и фекална канализација, вложени се 3.400.000 денари од Министерство за животна средина (МЖС). Поставен е нов асфалтен слој – инвестирани 5.000.000 денари од Биро за регионален развој, порача Митовски.
– Ова е уште еден проект за подобра инфраструктура и повисок квалитет на живот на граѓаните, за развој на урбаните подрачја на Крива Паланка, додава првиот човек на општината.







































