А ЗОШТО НЕ КЛЕКНУВАЊЕ НА КОЛЕНА?:

Оној Мицковски воопшто не се либи секој ден нешто да каже во намерата за собирање политички поени, па дури и во оваа невидена здравствена и економска криза.
Врти сучи еве денес на Денот на здравјето наумил да се поклони пред величенственото дело на јунаците во бели мантили и на полицајците кои го чуваат редот и мирот. А тоа што пред некој ден го критикувашпе здравството и здравствените разботници и истите ги делеше на ваши и наши по се изгледа дека денес не важи.
Но, нејсе…….Ајде да претпоставиме дека таа критика била во жарот на борбата за собирање политички поени, а ова денешново отворено писмо е пред се куртоазно и културно срочено😅.
Ако веќе се работи за маркетинг и собирање политички поени јас би сакал нешто јавно да прашам?.
Нели можеше некој од ПР атратезите во партијата да го советува лидерот дека наместо денес да се поклони, тоа да го стореше со клекнување на колена пред белите мантили и полицајците, исто онака како што клечеше пред следбениците во Штип?.
Па нели клекувањето е поголема почит од поколнувањето, Така можеби ќе собереше некој поен плус. Вака само едно поклонување преку отворено писмо мислам дека не врши доволно работа. А Мицковски….Се согласуваш ли?!

ФБ статус на Јове Кекеновски