Со што лично си ѝ помогнал на оваа кутра земја за да знаеме дека твоето отворено писмо не е обичен партиски памфлет со кој сакаш на беден начин да им се додвориш на луѓето кои ги жртвуваат своите животи.
Твоето отворено писмо пишувано како писмена работа за ученици во четврто оделение заслужува една голема единица како бандера, со напомена од учителката: Христијан Мицкоски си ја промашил темата.
Твојата грижа за лекарите, сестрите и медицинските работници по повод Денот на здравјето е невидено лицемерие. Пак тропаш на отворена врата, се лигавиш да ушиќариш некој партиски поен оти сѐ што допревте згрешивте. За да пишуваш отворено писмо до здравствените работници, адресирано до јавноста, треба да имаш квалификатив во името и презимето за тоа да го правиш. Кога ти си направил некој хуман потег кој е познат во јавноста? Кога нешто си донирал или си се заземал за здравствените работници, или јавно си застанал во нивна одбрана. Со што лично си ѝ помогнал на оваа кутра земја за да знаеме дека твоето отворено писмо не е обичен партиски памфлет со кој сакаш на беден начин да се додвориш на луѓето кои ги жртвуваат своите животи. Уште ли не дозна дека вистината е најмоќното оружје во борба против корона вирусот, или тебе воопшто не ти е гајле за вистината.
Велиш, во твоето отворено писмо нема политика. Пак пласираш по илјадити пат лажна вест. Целото писмо, освен неколку куртуазни и лицемерни реченици, е саде политика. Провидна лоша пропаганда на себепромовирање и лажно претставување како хуманист и човек загрижен за здравјето на здравствените работници. Пред неколку дена изрече опасна лага која да ја беше кажал некој сериозен човек ќе предизвикаше паника. Рече јавно на телевизија дека имало уште 100 тестови за корона вирусот, помалку за еден ден!? Дали воопшто си помислил колкава штета им нанесе и на граѓаните и на мединцинските работници на целата организација на јавното здравство и на техничката влада во војна со корона вирусот со една таква безобѕирна и би рекол монструозна лага во вонредна состојба.
Тоа ли е твојата грижа за медицинските работници да им испратиш стампедо од здрави луѓе да се тестираат и да бидат изложени на зараза, да не зборуваме за стресот што го предизвикува ваквата подла партиска предизборна активност кога нема избори. Веќе ти напишав да изречеше ваква ујдурма кај твојот пријател во Будимпешта Виктор Орбан истата вечер ќе беше осуден на пет години затвор. Не ќе можеше да те спаси ни азилантот Никола Груевски.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Независен весник на следниов ЛИНК







































