Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски заедно со волонтери денеска делеа хуманитарни пакети на семејствата во Ранковце.

-Пакетите со храна се донирани на тамошниот Кризен штаб и распоредени на оние домаќинства на кои им се најпотребни. Да си помагаме еден на друг, да покажеме хуманост и солидарност, истакна Николовски.