Се јавиле од партијата во чие време и по нив, а ради Никола Груевски, без работа останаа околу 1.000 новинари и др.медиумски работници, во различни временски периоди.
Една од тие компании и МПМ, издавачката куќа, каде во еден ден, без работа останаа 300 луѓе, помножено со три од нивни фамилии = без леб останаа 900 луѓе. ВО ЕДЕН ДЕН. Ниедно ебено соопштение немаше од партијата на Никола Груевски, кој во тоа време уште ја предводеше, киснеше по судови, а од овие кои му кликаат лајкови, само тројца го чекаа пред влез на суд, да му речат – ,,брао, држи се претседателе”. Сите вмровци го напуштија, сите му се прејаки, ама само зад компјутери. И сега е исто.
Сите новинари до еден завршија под завод од тоа МПМ, меѓу нив и јас. И пола Македонија се дереа – ,,ако им е”.
Оттогаш помина многу време, стиснавме заби, кој знаеше да плива, преживеа, се крена на нозе. Станавме дебелокожци, немавме избор.
Некои починаа, изгубија здравје.
Христијан Мицкоски и неговите вмровци тогаш не предлагаа никакви субвенции за новинари под стечај. Пошто целосно ги заболе. Груевски нас не` донесе до тоа дереџе во 2017, а истото се случи и во 2009 со сите вработени кај Велија, кој имаше тв и весници во исто време.
Сега вмровци имаат друг есап, политички, ништо не даваат од свој џеб, го исцедија Буџетот, точно знаат колку ни е силата ко држава и само буцкаат. Мислат дека со ваква лузерска евтина пропаганда, бесни кафанџии, кои отпуштија вработени, ќе им донесат некакви поени.
Она кое го забораваат овие вмровци е дека новинари ги симнаа од власт и нема никогаш пак да ги вратат.
ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци







































