Македонија се соочува со економска катаклизма, граѓаните се оставени без приходи и парче леб, а Костадинов се фали со успешните „економски“ политики на Владата. Ваквото однесување е во најмала рака несериозно, но и срамно ако се потсетиме дека самиот Костадинов делеше пакети со храна за оние кои се останати без парче леб, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ во најновото соопштение.

Тој со гол популизам и класичен поткуп на гласачи, се труди да задржи глас повеќе за неговата партија и неговиот партиски шеф. Политиканството на власта во услови на вонредна состојба, светска пандемија и економска криза е срамно.

Граѓаните не знаат како ќе го поминат месецот, како ќе најдат средства за да ги набават потребните намирници за викендот во кој ни следува 24 часовен полициски час, а Костадинов ја фали Владата на СДСМ.

Граѓаните се загрижени поради недостатокот на сериозни мерки кои навистина ќе им помогнат на граѓаните.