На Твитер деновиве се појави инфографик во кој Северна Македонија се прикажува како земја на Балканот со најмногу починати од COVID-19 на 1 милион жители. Авторот на инфографикот е непознат, но затоа статистиките на кои се повикува неименуваниот автор се достапни и познати и лесно можат да се проверат.

Она што е евидентно од прв поглед на инфографикот е отсуството на Словенија меѓу земјите кои се опфатени во прегледот. Според енциклопедијата Британика, Балканот го сочинуваат следните држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија – земји кои се целосно или делумно лоцирани во рамките на полуостровот, додека делови од Грција и Турција се исто така лоцирани во географскиот регион генерално дефиниран како Балкански Полуостров.

Па така, ако ги земете податоците објавени на веб-сајтот Worldometer заклучно со 9 април 2020 г. до 16 часот, од земјите во регионот односно на Балканот, Словенија се наоѓа на првото место по бројот на починати од COVID-19 на 1 милион жители, и тоа 21, потоа следуваат Северна Македонија со 14, Босна и Херцеговина со 11, Турција со 10, Србија, Грција и Албанија со 8, Хрватска со 5, Бугарија и Црна Гора со 3, а за Косово нема податоци.

Некои медиуми ја пренесоа информацијата како факт, повикувајќи се на објавата на Твитер од страна на псевдоним и алудирајќи дека министерот за здравство Венко Филипче ја прикрива реалната слика.

Целиот текст прочитајте го на ЦивилМедиа.