Последните неколку денови, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, на неколку снимени прес конференции, без присуство на новинари и немање можност за поставување на прашања, изнесе обвинувања за работата на поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за наводни трошења за сместување.
Иако неколку пати од Николовски беа демантирани овие обвинувања, Петрушевски продолжи со сниментите прес конференции.
Денеска, поранешниот министер Николовски со докази и факти го демантираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
“Кампањата на лаги која ВМРО-ДПМНЕ ја води против мене веќе станува смешна, но еве уште еднаш ќе мора да ја демантирам со докази и факти.
Хотелот од наводни 500 евра за ноќ кој сум го плаќал, е бутик хотел од 3 ѕвезди. Покрај тоа што е најевтен можен достоен смештај во Њу Јорк, лага е дека трошокот бил за мене. Имено, станува збор за две ноќевања за две лица и цена од 225 евра по ноќевање.
Јас имав цел и станавме 13 земја по извоз на вино во светот и за прв пат во историјата во 2023 година, Македонија и нашите винарии се претставија на престижниот саем Белавита во САД каде имавме национален штанд, што значи отварање на пазари, склучени договори и е огромен успех и причина за гордост.
А вие слободно продолжете да лажете, вашата срамна кампања е се што може да им понудите на граѓаните. Вашата неспособност и деструктивност брзо ќе излезе на виделина. Нема да може вечно со лаги да го покривате незнаењето и безидејноста. Мојот образ и чест се чисти и министерството под мое раководство беше рангирано како најодговорна и најтранспаретна институција во државата.” – реагира Николовски.








































