По објавениот твит на поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со кој изгледа се обидува да ја дезинформира и заплаши јавноста дека најавената апликација за следење на луѓето кои имале контакт со заболени од Ковид-19 има една единствена позадинска цел, а тоа е да го следи движењето на граѓаните, твитер заедницата не му остана должна на реплики:

Колку за информација, најавената апликација претаставува едно технолошко решение кое е развиено за да им ја олесни работата на епидемиолозите и на здравствените работници, а воедно и да ги заштити самите граѓани и во ниту еден момент не се доведени во прашање личните податоци на граѓаните бидејќи користењето на самата апликација ја гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните и тие на доброволна основа ја симнуваат на своите мобилни телефони. Како што објасни и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, единствена примена на апликацијата е доколку некој се зарази, преку неговиот број да се најде секој кој бил во близина со заразениот во последните 14 дена. Се спаруваат добиените броеви со мобилните броеви на луѓето кои во последните 14 дена биле во контакт. Овој податок е многу битен за епидемиолозите кои вака лесно можат да ги најдат лицата кои биле во близина на заразениот. Овој податок секако е многу битен и за јавноста, за да не си дозволуваат ликови кои според твитер заедницата имаат сомнителен кредибилитет да се обидуваат да манипулираат со вакви информации, кои се од витално значење во борбата против коронавирусот, особено заради фактот што меѓународната пракса и искуства покажале дека постоењето на апликацијата има смисла само доколку истата биде масовно симната на телефоните на граѓаните.