Ја забележувате ли, почитувани пријатели, свежината што го освои воздухот во последните неколку денови. Благата опуштеност во несреќата. Како се бањаме во карантинот како Дита фон Тисе во када со млеко. Добро, не баш така, но сепак…Дека луѓето се разболуваат и оздравуваат, умираат или се спремаат да умрат, заедно со оние кои вечно ќе живеат во нашите спомени и срца, но дека сето тоа го процесуираме помалку или повеќе нормално. Како преку дистанцата меѓу себе и од себе полека ја совладуваме дистанцата од пристојноста и од историјата, како ѓубраџиите ни ја препуштаат средината на теренот и во брзи контри ни го начукуваат… И така натаму. Па сакав да прашам, имате ли вие информации колку е тоа подобрување на квалитетот на животот во вакви стеснети околности, резултат на тоа што Него го нема да ни дели пакети мерки од туѓи маски и уште потуѓи пари? Да ни оре по мирот и спокојството со ралото на својата психосоциопатолигија, забележувате ли како некоја волжебна пумпа го пополнува отсуството на Мицко со азотен оксид од кој се опуштаат крвните садови, спој, кој, велат, може да биде корисен во третманот на ковидот како што беше корисен во третманот на ерективната дисфункција преку вијаграта… Ќе заборави ли да излезе од домашен притвор, пардон, изолација или треба да се надеваме дека власта ќе собере сила трајно да го изолира од нас. Или нас од него. Кој знае, можеби и нему вака му е подобро. А, Христијанчо!? Обиди се онлајн, можеби и така ќе успееш да ја обновиш Македонија. Да го запалиш Преспанскиот договор, да не извадиш од дупката на нато и да го натераш Заев да одговара. Богати!
ФБ статус на Бранко Тричковски







































