Во екот на светската пандемија со коронавирусот, деновиве светот го заобиколи вирално видео кое е вистинска демонстрација како на децата да им ја објасните важноста на миењето на рацете. Во популарниот едукативен трик се користи бибер, течен сапун и вода за да им се покаже на децата што ќе се случи со вирусите доколку рацете не се мијат темелно и редовно.

Имено, здравствените власти во сите светски држави како главно оружје против коронавирусот препорачуваат редовно миење на рацете со сапун и млака вода во времетраење од 20 секунди.