ЦИВИЛ Медиа пренесува дека пред околу еден час во притворот во Шутка починало момче на 23 годишна возраст.

Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ за ЦИВИЛ Медија ја потврди оваа информација.

„Се работи за момче на 23 годишна возраст, кое е во притвор од декември минатата година“, изјави Рахиќ за ЦИВИЛ Медиа. Тој демантираше дека притвореникот бил во карантин изминатите неколку дена, а повеќе детали најави по истрагата која се спроведува во моментов, но и обдукцијата на починатото лице.