Точно е дека само Словенија во регионот има повеќе починати на милион жители (27) од Македонија (21).
Но, замислете ја вие таа интонација, тоа волшебството со кои од фактот дека во Македонија има помалку починати од Словенија се гради платформа на која ќе се реализира вморонската теза дека битката против короната е загубена, не успехот на здравствениот систем во државата и на граѓаните во контролата на страшниот вирус, туку нивниот пораз, зошто, затоа што злосторничката инсталација на вмро мисли дека со короната се тепа сдсм па навива сдсм да биде поразена дури и по цена на смрт до колена.
Често знаеме да кажеме дека ова или она го има само во Македонија, но ова навистина го има само туку. Таа нескриена радост од болеста и од смртта.
Башка што смртноста што се врзува со ковидот е многу комплексна тема, која за да биде сосема прецизна мора да ги опфатат другите анамнези, дијабетесот, високиот крвен притисок, претилноста и сл, значи, квалитетот на животот, нормално е дека е поголема смртноста кај луѓето кои живеат под ист кров со вмро. Не се заебавам. Едно телевизиско интервју на Мицко ги зголемува шансите за фатален исход кај гледачите за 33,4 отсто. Една колумна на Кикифрики за цели 45,7 отсто, а крупен кадар на Антонијо ги умира сите што нема да се одлепат од екранот во првите три секунди.
ФБ статус на Бранко Тричковски







































