Единаесет лица се приведени по масовна физичка пресметка што се случила доцна синоќа на подрачјето на Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2026 година во 23:04 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале повеќе лица.
Во инцидентот тешко биле повредени Е.Ј. (35) и М.Ј. (37), кои по укажаната прва помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошен медицински третман.
По преземените мерки и активности, полициските службеници лишиле од слобода вкупно 11 лица: С.Џ. (53), М.С. (27), Џ.Џ. (28), А.К. (44), С.С. (29), Ф.М. (46), Ф.С. (20), Д.Ј. (21), Е.Ј. (32), Ј.Ј. (27) и Н.Ј. (54), сите од Скопје.
Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.








































